ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Струга ТЛ не престанува да гази, „потреси“ во шампионот

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

====================================

ТИМ НА 5. КОЛО

Струга Трим и Лум покажува амбиции за освојување на шампионската титула. Очигледно е дека тимот на Срѓан Захариевски сезонава има не само европски, туку и шампионски цели. Пет победи од пет натпревари ретко која екипа може да се пофали, па дури и Вардар и Шкендија кога „жареа и палеа“ во Првата македонска лига. Момците на Захариевски се спој на младост и искуство. Во преодниот рок донесоа неколку нови освежувања во екипата, но се чини најголемото засилување ќе биде Бесарт Ибраими. Ветеранот и покрај тоа што во декември ќе наполни 36 години, покажува дека во него има уште жар и желба. Во центарот на вниманието ова коло се и „потресите“ во Шкупи кои се случија по „ремито“ со Победа на домашен терен. Тоа беше капката која ја прели чашата после европската елиминација, па дојде до тренерска смена. Гоце Седлоски поднесе оставка, назначен е нов тренер во името на Гохан Бозкаја.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Бесарт Ибраими (Струга ТЛ) 

И дефинитивно Бесарт Ибраими покажува зошто е доведен во Струга како големо засилување. Со своето искуство, со својата желба и со својот квалитет, дава голем придонес во победите на стружани и првото место на табелата. Така беше и овојпат против Силекс, во дуелот со водечките кога изнуди пенал, самиот го реализираше, а потоа неговиот тим стигна до триумф од 2-1.

================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Срѓан Захариевски (Струга ТЛ) 

Кој друг ако не Захариевски? Тренерот на Струга Трим Лум, се чини, конечно, го најде рецептот за титула. Веќе неколку години е дел од овој тим, го состави сега можеби најквалитетниот состав, и полека но сигурно Струга веќе се наметнува како сериозен кандидат за шампион.

==============================

 

 

 

 

ГОЛ НА КОЛОТО: Иван Галевски (Победа)

Победа го освои првиот бод во новата сезона, и тоа на жешкото гостување на „Чаир“. А тоа го стори благодарение на ремек делото на Иван Галевски. Крилниот фудбалер на прилепчани се „прошета“ низ одбраната на Шкупи, и погоди прекрасно во голот, за еден бод на својот тим. Бод кој подоцна донесе и тренерска смена кај Шкупи.

=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

==================================

ФОТО НА КОЛОТО: Наместо радост на Чаир, потреси и тренерска смена!

Се вчитува...