По примерот на Антони: Уште една ѕвезда на Ајакс „штрајкува“ за трансфер во Премиерлигата

Ајакс маки мачи да ги задржи своите најдобри фудбалери овој преоден рок. Холандскиот тим остана без услугите на Мартинез и Антони кои се преселија во Манчестер Јунајтед, а до крајот на денот може да остане и без Едсон Алварез кој по примерот на доскорешниот бразилски соиграч е на „штрајк“ со цел да издејствува трансфер во Челси.

Мексиканскиот интернационалец не се појавил на денешниот тренинг на Ајакс со цел неговиот клуб да ја прифати понудата на премиерлигашот од 50 милиони евра. Неговиот сон е преселба на „Стемфорд Бриџ“ и силното англиско првенство и заедно со неговиот агент форсираат трансфер, пренесуваат англиските медиуми.

Тренерот на Ајакс, Алфред Шројдер остро го критикуваше односот на Антони, но сега се соочува со истиот проблем. Холандскиот тим нема намера да го продаде својот фудбалер, но ќе успее да одолее на притисокот останува да видиме до крајот на денот.

Се вчитува...