Шпанскиот стратег Пабло Ласо во опширно интервју за шпанска „Марка“ проговори за разделбата со Реал Мадрид, која очигледно според него не била фер. Трофејниот тренер по цела деценија го напушти клубот, по срцевиот удар што го доживеа кон крајот на минатата сезона.
Помеѓу фајналфорот на Евролигата и финалето на АЦБ лигата, Пабло Ласо доживеа срцев удар, па мораше да се откаже од тренерската функција на одредено време.
Ласо ја загуби работата без Реал дури и да се консултира со своите лекари, кои веруваа дека Пабло може повторно да го води тимот. Сепак, се чини дека мадридскиот клуб сакаше да тргне по друг пат, а сето тоа оди во прилог на оние шпекулации од зимата 2022 година кога се зборуваше за отказ.
„Бев шокиран и од реакциите на лекарите кои ме лекуваа. Ми рекоа дека има луѓе со полоша состојба од мојата и дека возат авиони. Кога Реал ми се јави и ми кажа дека повеќе нема да бидам тренер, бев шокиран бидејќи не разбрав зошто“, изјави Пабло Ласо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА