„Ер Босна“ ја прелета Унгарија за победнички старт на Евробаскетот (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина со победа над Унгарија од 95-85 го започна Евробаскетот. Поранешната југословенска држава се мачеше во одбраната во првото полувреме, но одигра на ниво во вторите 20. минути. Во третата четвртина ја превзема иницијативата и истата не ја испушти до самиот крај и покрај обидите на Унгарците да се вратат во мечот во последната четвртина.

Со по 19 поени лидери на БиХ беа Муса и Нуркиќ на кои бекот додаде и 6 асистенции и 5 скока, додека центарот мечот го заврши со 4 скока. Бенке беше лидер на Унгарија со 20 поени и 6 асистенции.

Натпреварот го отсликаа атракции на двете страни од теренот, но забележано ќе остане атрактивното забивање во средината на третата четвртина кога по пропуштениот обид за лесни поени на Унгарците, Муса и Камењаш со „цепелин“ ја кренаа публиката во Келн на нозе.

Се вчитува...