Конечно дочека: Хектор Белерин една сезона во Барселона

Хектор Белерин ќе го оставари својот сон и ќе заигра во дресот на Барселона во сениорска конкуренција откако успеа да постигне договор со каталонците. Шпанскиот бек во гигантот доаѓа како слободен играч и ќе потпише едногодишен договор, период во кој траба да се докаже дека заслужува место во тимот.

Белерин и во минатото беше блиску до враќање во Барселона каде настапуваше како младинец, но тогаш каталонците не успеаја да постигнат договор со Арсенал. „Топџиите“ настојуваа да го задржат дефанзивецот, кој сепак поради незадоволство мораше да ја промени средината година дена подоцна и да зигра за Реал Бетис.

 

Се вчитува...