Дресот со број „14“ на Дирк Новицки од денска е повлечен од употреба во германската репрезентација. Церемонијата на која присуствуваа голем број на легенди меѓу кои и Џејсон Кид и дел од раководството на неговиот поранешен клуб Далас, беше одбележана пред денешниот натпревар помеѓу Германија и Франција.
За германската репрезетнација легендарниот центар бележеше просек од 19.7 поени и 7.5 асистенции и беше клучен играч во најголемиот успех на Германците со освојување на сребрениот медал на Европското првенство во 2005 година и бронзата на Светското првенство во 2002 година.
Dirk Nowitzki gets his jersey retired by the German basketball federation 🇩🇪👏 pic.twitter.com/QUFOslRnwT
— BasketNews (@BasketNews_com) September 1, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

