Димитријевиќ со седум поени и пет асистенции дебитираше за Уникс Казањ

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ два дена по приклучувањето на својот нов тим веднаш дебитираше за рускиот Уникс Казањ.

Уникс Казањ триумфираше против Зенит со 72-63 на првиот од двата пријателски натпревари договорени меѓу двата клуба пред стартот на сезоната, а македонскиот кошаркар одигра квалитетна партија со седум постигнати поени, пет асистенции и два скока.

Најефикасен на натпреварот беше Мајкон со 21 поен.

Се вчитува...