Навивачите на Интер полудеа: Деклариран фан на Милан потпиша за „нероазурите“

Долго време трансфер во италијанскиот фудбал не делувал потресувачки, се до вчерашниот ден кога Франческо Ачерби потпиша за Интер. Ветеранот досега настапуваше во Лацио, и стигна на „Џузепе Меаца“ на позајмица, а овој трансфер не им се допаднал на навивачите на „нероазурите“. Тие сметаат дека клубот не требало да го донесе играчот кој се декласира како фан на Милан.

Околу својата љубов кон градскиот ривал, Франческо говореше пред неколку години кога кажа дека би сакал да има втора шанса да го облече „црвено-црниот“ дрес. Тогаш беше блиску до трансфер во Милан, па на новинарите им кажал дека бил дел од навивачка група на Милан, и често одел на стадионот да го бодри. До трансферот не дојде, а изјавата му направила многу проблеми.

Сега на тој разговор се сетиле навивачите на Интер кои не сакаат да го гледаат дефанзивецот во дресот на својот омилен тим. Тоа што играл за Милан во 2012 година би му простиле, но тоа што е навивач на ривалот – никако!

„Навивач сам на Милан. Во минатото бев член на групата “Фоса деи Леони“. Одев со пријателите на натпреври на Милан. Последен пат како навивач бев со Манчестер Јунајтед во 2007 година“, рече тогаш Ачерби.

Иницијатор на трансферот бил Симоне Инзаги, кој работел со Ачерби уште од времето на Лацио.

Се вчитува...