Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски и официјално промовиран во дресот на еден од најдобрите ерменски клубови, Пјуник, каде ќе ја мине следнава сезона.
32-годишниот Спировски, по разделбата со унгарски МТК, се одлучи да ја продолжи кариерата во ерменскиот шампион, кој избори учество во групите во Лигата на Конференции. Фудбалерот од средниот ред му се приклучува на Марјан Радески во редовите на Пјуник.
Спировски во минатото беше дел од Мариупол, АЕК Ларнака, Хапоел Тел Авив, Ференцварош, Берое, Борац Чачак, а од македонските клубови играше во Пелистер, Работнички и Вардар. Во изминатиот циклус на Лига на Нации во јуни, го прослави 50-тиот настап во националниот тим на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

