Грција со триумф го отвори настапот на Евробаскет 2022 откако нашиот јужен сосед во меч со бројни осцилации славеше над Хрватска со резултат 89-85. Грците имаа водство од 19 поени, Хрватска покажа карактер и целосно се врати во мечот, но во завршните две минути извонреден беше Јанис Адетокумбо, кој со неколку одлични акции, во нападот и во одбраната, ја донесе победата на својата селекција
Хрватска почна одлично и поведе со 7-0, „коцкестите“ во првите четири минути постигнаа 10 поени, но потоа влегоа во сериозна криза. Грците предводени од извонредниот Дорси во првиот дел (20 поени само во првото полувреме) не само што експресно се вратија, туку и убедливо го добија полувремето со 46-30. Грчката доминација траеше до средината на третата четвртина, кога „сино-белите“ имаа водство од 62-45, по што Хрватите постигнаа фантастични 15 поени во низа.
Грција го контролираше резултатот и во последната четвртина, но Хрватска опасно се врати благодарение на одличните Смит и Симон. На помалку од две минути до крајот резултатот гласеше 84-82 за Грција и напад за Хрватите, но тогаш почна шоуто на Адетокумбо, кој имаше две успешни реализации во нападот, исто толку одлични реакции во одбраната и го трасираше патот до триумфот на грчкиот состав.
Јанис го заврши натпреварот со 27 поени, 11 скокови и 6 асистенции, Дорси исто така броеше до 27 за Грција, додека кај Хрватска најефикасен беше Американецот Смит со 23 поени (дури 20 во второто полувреме), пред Богдановиќ со 19 и Симон со 18 поени.
GIANNIS 🤯
That’s the tweet…#EuroBasket x #BringTheNoise pic.twitter.com/GEaYrJrpHM
— #EuroBasket 2022 (@EuroBasket) September 2, 2022
MAIS IL SAUTE QUASIMENT DE LA RAQUETTE POUR LE CONTRER 👽👽👽👽👽👽👽👽pic.twitter.com/JbrDLB7LEK
— TrashTalk (@TrashTalk_fr) September 2, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

