Шкупи во еден ист преоден рок се засили и се раздели со Каланоски

По само два месеци соработка Шкупи се одлучи да го прекине договорот со Антонио Каланоски.

28-годишниот Каланоски на почетокот од летниот преоден рок беше доведен од Силекс, а денеска тимот од Чаир со информација дека ја прекинува соработката.

„Информираме дека ја прекинуваме соработката со напаѓачот Антонио Калонски. Договорот за прекин на соработката е билатерален. Нашиот клуб му се заблагодарува на играчот за придонесот и му посакува среќа во идните предизвици“ – се вели во соопштението од Шкупи.

Каланоски претходно во својата кариера има настапи и за Победа Прилеп, Беласица, Струга, Борец, Металург, Напредок, Охрид.

Се вчитува...