Србија убедливо против Холандија, триумф и на Италија над Естонија

Репрезентацијата на Србија сосема очекувано со убедлива победа против Холандија ги стартуваше натпреварите на Евробаскетот 2022.

Србите, во Групата Д, славеа со 100-76 против Холанѓаните, во натпревар кој беше сосема јасен уште од самиот почеток. Веќе по првата четвртина избраниците на Светислав Пешиќ имаа предност од 31-21, а потоа до крајот на мечот само рутински ја одржуваа истата за конечна победа од 24 поени разлика.

Најефикасен во победничкиот тим беше Никола Јокиќ со 19 поени, дополнети и со шест скока и четири асистенции, а со „дабл-дабл“ ефект заврши Василије Мичиќ со 15 поени и 12 асистенции. Вања Маринковиќ мечот го заврши со 18 постигнати поени.

Во Групата Ц, Италија победнички го почна првенството, триумфирајќи со 83-62 против Естонија.

Се вчитува...