Алонсо: Мислев само на Барселона, горд сум што ќе играм во клубот на мојот татко

И покрај тоа што во минатото беше дел од Реал Мадрид. Маркос Алонсо истакна дека е многу среќен што во иднина ќе го носи дресот на Барселона. Досегашниот играч на Челси ги мина младинските категории на Реал Мадрид, но немаше значајни настапи во сениорите, па се реши потоа да замине во Болтон, па во Фиорентина и во Челси.

Интересна е историјата на Алонсо, со оглед дека неговиот татко долго време беше дел од Барселона. Алонсо е роден во Мадрид, а неговиот татко Маркос Алонсо Пења покрај Барселона е легенда и на Атлетико со преку 130 настапи за овој тим. Но помладиот Алонсо не тргнал по неговите стапки, туку се решил да биде дел од Реал Мадрид каде беше 10 години.

Алонсо сега истакна дека овој трансфер преоден рок мислел на трансфер во Барселона, и сега е среќен што ќе игра во тимот во кој неговиот татко одигра преку 124 натпревари.

„Многу сум среќен, конечно еве ме во Барселона. Мислев само на овој клуб. Долго време сакав да се преселам во Барселона и мислам дека го направив вистинскиот потег. Многу е невообичаено да се игра во тимот во кој играше и мојот татко. Ова е дефинитивно уште една добра причина што се преселив тука. Тој исто така е среќен. Се сќеавам дека татко ми ме донесе да гледам натпревар на Ноу Камп. Да се биде тука е неверојатно“, рече Алонсо. 

Се вчитува...