Доаѓа голема промена во новата сезона во Лигата на шампионите, а ќе има влијание и на играчите и на тренерите. Главниот за судиите во УЕФА, Роберто Росети побара од оваа сезона да се казнуваат играчите и тренерите кои ќе бараат нивните противници да добијат жолти картони. Досега тоа не беше случај, играчите реагираа на некои стартови, тренерите бараа картони за противниците, а конечната одлука ја носеа судиите.
Фудбалерите знаеја да добиваат жолти картони поради остри стартови симулирања, приговори, но не беа канзувани кога бараа казни за противниците. Тоа одсега ќе биде правило, се со цел да се намали притисокот кон судиите.
„Когра играч ќе побара другиот играч да добие жолт картон, тоа не е фер кон фудбалот“, рече Росети.
Освен ова правило, УЕФА ќе го претстави новата технологија за офсајт со поебни камери кои ќе ги следат 29 делови од телата на фудбалерите и сензори во топки. А како сето тоа ќе изгледа, ќе се види во 1. коло ов ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

