Летниот преоден рок заврши, а највозбудливо како и секогаш беше на последниот ден од истиот. Во последниот ден посебно се интензивираа преговорите. Беа направени многу големи трансфери меѓу кои Обамејанг и Закарија во Челси, Алонсо и Белерин во Барселона, Артур во Ливерпул…
Шпанска „Марка“ пишува дека еден бомбастичен трансфер за малку ќе ја потресел Европа. Станува збор за играчот на ПСЖ, Нејмар кој што во последните часови да го продаде во Манчестер Сити, но бил одбиен од страна на англискиот тим.
Бразилецот веќе се сврте кон новата сезона, во првите пет меча има неверојатни бројки од седум голови и шест асистенции, но во соблекувалната на Парижаните, Нејмар прави големи проблеми. Не е тајна дека Нејмар не е во добри односи со Мбапе, и од тука ПСЖ се обидел во последниот ден да го продаде.
Меѓутоа Пеп Гвардиола застанал против овој трансфер. Сити оваа сезона го ангажираше Ерлинг Халанд, кој тргна одлично, па Шпанецот на клупата на Сити не сакал уште еден напаѓач во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

