Атлетико М. се премислува за Гризман и нема да го откупи од Барселона?

Антоан Гризман во 2020 година од Атлетико Мадрид направи сензационален трансфер во Барселона. Но, откако не успеа да се наметне во дресот на „Каталонците“, тој по една сезона се врати во Мадрид, и тоа како позајмен играч до 2023 година, со задолжителен откуп од 40 милиони евра.

Меѓутоа сега Атлетико се премислува околу сумата, и наместо 40, е подготвен да плати 15. Тоа „Каталонците“ веднаш го одбија, но Атлетико има друг план. Во клаузулата стои дека Гризман ќе мора да игра секој натпревар во просек 30 минути. Но, тоа не е случај во оваа сезона, па така во тој случај би се вратил во таборот на Барселона, и со тоа Атлетико нема намера да ги плати оние 40 милиони евра.

Така потоа Атлетико би влегол во нови преговори за ангажман на Французинот, но секако дека и Барса нема така лесно да се откаже од 40-те милиони кои тимот од Мадрид треба да ги плати и да го откупи неговиот договор во јули 2023 година.

Се вчитува...