Милан се реши да не вклучи шестмина играчи во пријавените за групната фаза во Лигата на шампионите. Тренерот Пиоли кажа дека ростерот на екипата е голем, и дека е принуден да донесе одлуки, кои на некои фудбалери нема да им се допадне.
За ЛШ се дозволени само 17 играчи, а Пиоли се реши да ги избрише искусниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, потоа голманот Чипријан Татарушану, како и Астер Вранкс, Малик Тиав, Јасин Адли како и играчот од средниот ред Темуе Бакајоко. Бакајоко најверојатно ќе го напушти тимот. Ибрахимовиќ, пак, не е во составот поради повредата, и не е познато кога ќе се врати на терените.
И покрај повредата минатото коло, Алесандро Флоренци е во тимот за ЛШ. Тука е и најновото и последно засилување Сержињо Дест.
Милан ги пријави следните играчи: Мањан, Миранте, Дест, Калулу, Томори, Кјер, Бало-Туре, Тео Ернандез, Флоренци, Калабрија, Габија, Бенасер, Круниќ, Тонали, Побега, Салемакерс, Месиа, Брахим Диаз, Де Кетеларе, Рафел Леао, Жиру, Ориги и Ребиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

