Романскиот клуб Астра Ѓурѓу е пред исфрлање и од трета лига. Во сезоната 2015/2016 ја освоија шампионската круна, а играа два пати и во групната фаза во Лигата на Европа.
Само шест години после историскиот успех, Астра без борба го предаде натпреварот против Попешти, затоа што немала доволно финансии за организирање на натпреварот, а ниту доволен број на играчи. Мечот беше прекинат во 25. минута при 6-0 за Попешти, поради тоа што двајца играчи од осумте кои истрчаа се пожалија на повреди, и не можејќи да го продолжат мечот, истиот беше прекинат.
Астра пред две сезони беше прволигаш, но во втора лига испадна како претпоследен, а во минатата сезона во втората лига беше последна со -1 бод, затоа што им се одземени 20 бодови поради неподмирени долгови. Финансиските проблеми само се наталожуваа. Оваа сезона во третата лига во првото коло загубија 10-0 од Раул Браду, а во второто коло не настапиле. Романските медиуми пишуваат дека немаат доволен број на играчи и немаат пари.
Според правилникот, Астра не смее да предаде ниту еден натпревар. Ако тоа се случи, тогаш ќе биде исфрлена од лига.
Инаку сопственикот на клубот Јан Никулае моментално се наоѓа во затвор поради корупција и перење на пари.
Во овој тим во минатото настапуваше Мирко Ивановски во периодот од 2012 до 2014 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА