Играчот кој има една од најмалите плати во Челси наскоро потпишува рекорден договор

Десниот бек на Челси, Рис Џејмс прифати да потпише нов договор со Челси, со што ќе стане најплатениот одбранбен играч во историјата на клубот. Засега не се наведува за која сума станува збор. Англискиот десен бек, кој е способен да игра и како крило, ќе потпише долгорочен договор со „сините“.

„Атлетик“ пишува дека Џејмс во моментов има една од најмалите плати во екипата, но со добрите настапи заслужи големо покачување. Сити и Реал МАдрид наводно го имале во агендата ова лето, но сопственикот на Челси, Тод Бојли брзо реагирал и му понудил нов договор.

Џејмс ги мина сите младински школи на Челси. Лондонскиот тим една година го прати на позајмица во Виган, а другите години се развивал во таборот на „сините“. Во моментов неговата вредност се проценува на 60 милиони евра.

Се вчитува...