Винициус и Родриго за победа на Реал М. над Бетис (ВИДЕО)

Реал Мадрид остана 100% победнички тим во Шпанија, по триумфот над Бетис на домашен терен попладнево. Тимот на Анчелоти славеше со 2-1 во меч во кој „кралевите“ доминираа, и на крајот заслужено дојдоа до четвртиот триумф од исто толку натпревари.

Винициус во 9. минута по асистенција на Алаба донесе водство. Бетис се врати во 17. минута кога Каналес погоди за 1-1. Родриго во 65. минута донесе ново водство за шампионот, со што на крајот се покажа дека е конечен резултат.

Во финишот Реал можеше многу порано да го реши победникот, но не реализираше неколку добри шанси. За Бетис ова беше првиот пораз во сезоната после трите последователни победи.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...