Српската машинерија без мака ја реши и Чешка

Србија стигна и до втората победа во серија на стартот на Евробаскет 2022, откако нашиот северен сосед попладнево ја декласираше селекцијата на Чешка со резултат 81-68. Чесите можеби се надеваа на чудоо поради фактот дека играат на домашен терен, но избраниците на Пешиќ јасно им ставија до знаење дека нема да остават никаква шанса за сензација.

Дуелот беше израмнет само до крајот на првата четвртина. Србите во 9. минута имаа водство од 18-15, за потоа да ја стартуваат својата фантастична серија. Првата четвртина со поените на извонредниот Јокиќ заврши со 20-15, за Србија потоа да издоминира на стартот од втората четвртина, поведувајќи со убедливи 39-17 во период во кој на теренот се наоѓаат резервните играчи на српскиот состав, па на одмор замина со удобно водство од .

Триумфот беше осигуран, па Пешиќ можеше да си дозволи да го изротира целосно тимот и во второто полувреме. Чесите сепак не се откажаа, влегоа во серија пред крајот на третиот период, па се вратија од „минус 23“ и намалија на 60-49. Српските кошаркари сепак не дозволија целосен камбек на противникот, лесно контролирајќи го резултатот се до конечните 81-68.

Јокиќ го заврши натпреварот со 18 поени, 11 скокови и пет асистенции, со 13 поени овој меч го заврши Мициќ, додека 11 поени останаа зад името на Вања Маринковиќ. Кај Чешка најефикасни при денешниот пораз беа Крејцл и Хрубан со по 13 поени.

Србија во третото коло ќе се сретне со Израел, додека Чесите за ривал ќе ја имаат Холандија, натпревари што на програмата ќе бидат в понеделник.

Се вчитува...