Војводина со интерес за Бобан Николов

Српскиот тим Војводина Нови Сад е заинтересирана за македонскиот репрезентативец Бобан Николов, дознава ЕКИПА од извори блиски до клубот. Николов е во потрага по нова средина откако си замина од Шериф, а беше поврзуван со многу клубови летоска. Имаше интерес и од Турција, и од Кина, од Романија, Унгарија, а пред неколку дена во Хрватска се пишуваше дека е во завршни преговори со Горица каде што тренер стана Игор Ангеловски.

Сега Војводина ќе чека одговор од македонскиот интернационалец, со оглед дека преодниот рок во Србија трае уште 12 дена, па има време Николов да размисли за интересот од Нови Сад.

Војводина има проблеми во дефанзивниот дел од средниот ред, па токму Николов би можел да биде идеално решение за таа позиција.

Николов во минатото играше за Лече, Фехервар, Вардар, Виторул. Минатата година ја мина во Шериф, каде што се стекна со искуство со играње во Лигата на шампионите.

Се вчитува...