Французите со пресврт во последната четвртина ја совладаа Литванија

По стартниот пораз од Германија, Франција дојде до првиот триумф на Евробаскетот. Французите благодарение на одличното издание во последната четвртина, успеаја да го поразот составот на Литванија со 73-77.

Освен во првата четвртина, во текот на целиот меч Литванија водеше, или беше „егал“, а по третиот период Литванците завршија со предност од шест разлика (56-50).

Меѓутоа во последниот период Франција полека ја топеше разликата, а потоа во финишот стигна и до предност од седум разлика (64-71). На крајот Литванците не успеаја да фатат приклучок, и само ја намалија разликата, но немаа сили за пресврт и победа. Франција го добија последниот период со 16-24, што беше клучно за триумфот.

Најефикасен кошаркар беше Фурние со 27 поени.

Се вчитува...