Дориан Бабунски го „реши“ Фехервар и Серафимов (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски сам донесе три бода за Дебрецен во дуелот со Фехервар и стоперот Никола Серафимов. Двајцата Македонци се најдоа во стартните состави на своите тимови, а поуспешен на крај беше домашниот тим.

Бабунски во судиското надополнување од првиот дел погоди за водство, на крајот и за конечен резултат на средбата. Дориан остана сам од браќата Бабунски во Дебрецен, со оглед дека Давид пред неколку дена го раскина договорот со овој унгарски тим.

Дориан играше до 70. минута кога беше заменет, а на спротивната страна Серафимов остана на теренот цел натпревар. За Доријан ова беше втор гол од почетокот на сезоната.

Се вчитува...