Залудна доминација на Манчестер Сити, стигна само до бод со Астон Вила (ВИДЕО)

Залудна доминација на Манчестер Сити на гостувањето во Бирмингем кај Астон Вила, кога англискиот првак освои само бод играјќи 1:1. Гостите имаа повеќе удари, поголем посед на топката, доминираа во бројките, но не и во резултатот.

По првото полувреме немаше голови, а се добро почна за Сити во вториот дел кога одличниот Ерлинг Халанд донесе водство за тимот од Манчестер. И тогаш се чинеше дека Пеп Гвардиола ќе запише нови три бода. Но, во 74. минута Бејли успеа да израмни по асистенција на Рамзи. Имаше Сити многу шанси во вториот дел, но не дојдоа до втор гол.

За Сити ова беше второ „реми“ во шестиот меч, додека Астон Вила со првото реми сега собра четири бода и се наоѓа во долниот дел од табелата.

Се вчитува...