Садик дебитираше со гол за Сосиедад во „ремито“ со Атлетико М. (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид никако да ја пронајдат победничката формула на стартот од шпанското првенство. Денеска и покрај водството, одиграа само 1-1 со Реал Сосиедад на гости, во меч во кој и двата тима имаа многу шанси, но реализираа само два пати.

Мората во 5. минута донесе радост за гостите, а потоа истиот играч постигна и втор гол кој беше поништен поради офсајд. Умар Садик имаше одлично деби за Сосиедад, со оглед дека во 55. минута го постигна израмнувачкиот погодок. Садик дојде во Сосидад како замена за Александер Исак кој замина во Њукасл.

Ова беше прв нерешен резултат и за двата тима во новата сезона во Шпанија и двата тима имаат ист број на бодови – по седум.

Се вчитува...