Шпанија убедлива против Грузија за втора победа на Евробаскетот

Грузија добро се држеше против Шпанија само во првата четвртина, а потоа Шпанците само додадоа „гас“ и на крајот славеа убедлив триумф од 64-90. „Фуријата“ дојде до нов, втор триумф со кој прави чекор кон лидерското место на табелата во групата „А“.

Првата четвртина Шпанците ја добија само со два разлика (16-18), а втората беа убедливи и на полувреме заминаа со предност од девет поени разлика. Импресивни беа момците на Скариоло во третиот период кој го добија убедливо (16-31), па во последниот период максимално се штедеа силите за другите предизвици.

Најефикасен на средбата беше Вили Хернангомез кој постигна 14 поени, додека Адроникашвили кај Грузија постигна 13.

Се вчитува...