Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс смета дека неговиот тим требало да дојде до бод во дуелот со Челси. При 2-1 за лондонските „сини“, на „чеканите“ им беше поништен гол преку Макс Корне, затоа што ВАР технологијата сигнализираше прекршок врз голманот Менди.
Навивачите на „чеканите“ исто така се согласуваат со менаџерот дека е апсурдно што им бил поништен голот, затоа што играчот, според нив, не го ни „допрел“ голманот.
„Јас го поддржувам ВАР, но мислам дека во овој случај голманот на Челси лажира повреда, затоа што не може да стигне до топката. Тој го направи истото и при првиот гол. Ова е неверојатно. Тоа е скандалозна одлука, апсолутно неверојатна од еден од најдобрите судии“, рече Мојс.
VAR needs to get in the bin. Dreadful goalkeeping by Mendy but his play acting wins the day. How is that a foul let alone a clear and obvious error?? #CHEWHU pic.twitter.com/B3hhkVtgJj
— BB (@bdbalkwill) September 3, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

