Барселона славеше триумф на жешкото гостување кај Севилја со убедливи 0-3. Барса со тоа продолжува да „гази“ победнички, после „киксот“ против Рајо Валјекано првото коло кога не успеаја да го совладаат Столе Димитриевски.
И не само резултатски, туку Барса доминираше и по бројот на обиди, и со поседот и во сите параметри. Доминацијата беше крунисана со два брзи гола. Во 21. минута на Рафиња, а потоа и на Левандовски во 36. минута.
Ерик Гарсија во 50. минута постигна и трет гол за Барселона. Да не беше Боно на голот на Севилја, на домашниот тим ќе му се случеше катастрофа, со оглед дека Левандовски до крајот на мечот имаше две добри шанси, но не успеа и вторпат да го совлада голманот на Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

