Во дербито вечерва, Грција на крилата на Јанис Адетокумбо дојде до триумф над Италија со 85-81. Грците добро го контролираа резултатот и играте во првите три четвртини, но во последната дојде до опуштање, па Италија се закануваше дека може да ја одземе победата. Во еден момент „азурите“ стигнаа до негатива од само два поени (81-79), но со тројка Грците ја вратија предноста која успеаја да ја задржат до крајот.
Фонтекио од Италија беше најефикасен и го „украде“ шоуто на Адетокумбо кој постигна 25 поени.
Репрезентацијата на Словенија, која е еден од фаворитите за освојување на пехарот, лесно се справи и го совлада составот на Унгарија. Словенците имаа импресивни први три четвртини, кога водеа во еден миг и со +29. Но во финишот се опуштија, па дозволија Унгарија само да им се доближи на 15 разлика, на крајот 88-103.
Лука Дончиќ со 20 поени беше најефикасен на средбата.
Репрезентацијата на Израел дојде до вториот триумф на Евробаскетот, триумфирајќи над Холандија со 67-74. Првиот дел му припадна на холандскиот национален тим, кој на полувремето замина со предност од осум разлика, која се „стопи“ во третата четвртина и Израелците дојдоа само до поен негатива. А, во последниот период додадоа „гас“ и го добија со 24-16. Најефикасен беше Авдија со 21 поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

