Неверојатна приказна доаѓа од хрватскиот фудбал. Јасно е дека во овој шампионат секој кој сака да биде првак оди во Динамо, но ретки се трансферите кои се случуваат од Хајдук во таборот на „модрите“. Меѓутоа во овој преоден рок може да се случи двајца, и тоа браќа да преминат од Сплит во Загреб.
Станува збор за Лука Брклјача кој што ќе биде нов член на Динамо. Неодамна за Динамо од Хајдук потпиша неговиот брат Марко Брклјача. Од семејството на фудбалерите тогаш го обвинија раководството на Хајдук дека врши „тортура“ врз нивните деца, и ги нарече „ѕверови“.
Лука Брклјача две и пол години го носеше дресот на Хајдук. Неговиот брат Марко е сместен меѓу топ 60 таленти во Светот на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА