Еден од најдобрите голмани во Шпанија и пошироко, Јан Облак се повреди на вчерашниот дуел помеѓу Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид, и мораше да го напушти теренот. Не е познато како успеа Словенецот да ја добие повредата, но мораше предвреме да го напушти теренот, а на негово место застана Иво Грбиќ, кој во Атлетико е од пред две години кога дојде во Мадрид од Локомотива за 3,5 милиони евра.
Лекарските прегледи ќе покажат колку ќе паузира Словенецот. Оваа повреда доажа во време кога Атлетико се подготвува за првиот меч во Лигата на шампионите против Порто во среда.
Отсуство на првиот голман би бил голем хендикеп за тимот на Диего Симеоне, со оглед дека Јан Облак е еден од најдобрите поединци на Атлетико, и заслужен за успесите на клубот во последните неколку години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

