Австралискиот тенисер, Ник Кирјос за првпат во кариерата се пласираше во осминафиналето на УС опен каде ќе игра со првиот носител и актуелен шампион, Русинот, Данил Медведев.
Еден од најконтроверзните тенисери на денешницата пред мечот со Русинот, вели дека многу го мразат и не сакаат да успее.
„Знам дека има многу луѓе кои ме мразат и не сакаат да успеам. Се тоа ги прави моите успеси уште послатки. Знам дека многу мрзат како се однесувам, но јас сум единствен. Единствен Австралиец сум кој се уште е во ждребот и тоа доволно кажува“, изјави Кирјос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА