Халанд: Жално е колку Баерн не го почитуваше Левандовски

Сегашниот голгетер на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд призна дека Баерн Минхен сакал да го ангажира. Тој ова го кажа во документарецот „Haaland: The Choice“. Халанд истакна дека бил изненаден од интересот на Баерн Минхен.

Тој кажа дека му паднало жал на она што му го прават на Левандовски, и дека Баерн не го почитувал Полјакот, и покрај толкуте многу голови и титули.

„Не знам колку голови даде и колку титули донесе Левандовски на Баерн Минхен. Навистина ми е жал за него. Ова е непочитување. Но, во исто време тоа беше можност за него за нов предизвик“, изјави Халанд. 

Неговиот татко Алф-Инге Халанд исто така зборуваше за интересот на Баерн.

„Баерн покажа интерес. Разбирам дека сакаа да се заштитат. Холанд не отиде таму, и сега велат дека немало ништо, затоа што најдобриот напаѓач на светот веќе играше за нив“, рече Алф-Инге. 

Се вчитува...