ВИДЕО: Тензично во Штип – Сандеј Адетунџи доби директен црвен картон па „збесна“ кон судијата Качевски

Тензични моменти во 32. минута на дербито од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Брегалница и Шкупи во Штип.

По еден меѓусебен дуел со домашниот фудбалер од средниот ред Хаџановиќ, напаѓачот на Шкупи, Сандеј Адетунџи замавна со лакт во лицето на Хаџановиќ па се чини сосема оправдано веднаш доби директен црвен картон.

Хаџановиќ неспортски реагираше со влечење на дресот на Сандеј, поради што доби заслужен жолт картон, но Адетунџи некоректно одмавна со лакт поради што доби исклучување. Напаѓачот на Шкупи не можеше да се помири со одлуката на судијата Качевски, па долго време соиграчите не можеа да го смират пред да го напушти теренот…

Се вчитува...