Струга ги „дрма“ и „пандевци“ во Струмица, Брегалница пропушти три 100% шанси за водство против Шкупи (ВИДЕО)

Само три погодоци во првото полувреме на петте натпревари од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Лидерот Струга ТЛ продолжува со одличните игри, па води со 0-1 и на гостувањето против Академија Пандев во Струмица. Буњамин Шабани во 32. минута е стрелец на голот за стружани за предност по првите 45 минути.

На дербито во Штип меѓу Брегалница и Шкупи нема голови, но беше исклучен Сандеј Адетунџи во 32. минута поради неспортски потег. Потоа Брегалница целосно доминираше со три 100% шанси, но не успеаја да погодат Силјановски, Ѓорѓиев и Додев кои можеа да донесат предност за „сините“.

Скопје има предност од 1-0 против Победа со голот на Кировски…

А, предност од 1-0 и за Силекс против Тиквеш со погодокот на Петровиќ во 38. минута од средбата.

ПМФЛ – 6. КОЛО (прво полувреме)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 0-0
Струмица: АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ 0-1
Шабани 32′
Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
Кратово: СИЛЕКС – ТИКВЕШ 1-0
Петровиќ 38′
Скопје: СКОПЈЕ – ПОБЕДА 1-0
Кировски 34′
Работнички слободен

Се вчитува...