Брајтон го совлада Лестер во голеадата со седум гола

Во меч со пресврти, со седум голови, Брајтон го совлада тимот на Лестер со  5-2. „Лисиците“ водеа два пати, но тоа не ги попречи на крајот да го „положат оружјето“ на ова гостување.

Ихеаначо во 1. минута донесе радост за Лестер, а потоа Томас си постигна автогол во 10. минута. Кајседо во 15. минута донесе водство за Брајтон, а Дака во 33. минута успеа да израмни.

И вториот дел почна возбудливо, пооништен прекрасен гол на МекАлистер, меѓутоа Тросар во 64. минута повторно го израдува домашниот тим. МекАлистер од пенал во 71. минута донесе 4-2, а истиот фудбалер во судиското надополнување од слободен удар погоди за 5-2, како „одмазда“ за оној поништен гол од стартот на вториот дел.

Брајтон упати дури 23 шута кон голот, од кои 11 во рамките од голот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...