Брегаланица успеа да му го нанесе првиот пораз на Шкупи во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига сосема заслужено триумфирајќи со 2-0 на дуелот во Штип од 6. коло, со двата гола на Ѓорѓи Ѓорѓиев. Струга ТЛ, пак, нема кој да ја запре. Шести триумф на стружани во исто толку натпревари, сега со убедливи 0-3 на гостувањето против Академија Пандев во Струмица.
Лидерот Струга ТЛ продолжува со одличните игри, триумфирајќи со убедливи 0-3 и на гостувањето против Академија Пандев во Струмица. Буњамин Шабани во 32. минута донесе предност по првите 45 минути.
Во второто полувреме, Ибраими погоди во 73. минута а потоа и во 90. минута Зија Мерџани за триумф од 0-3.
На дербито во Штип меѓу Брегалница и Шкупи сосема заслужен триумф на штипјани со 2-0. Брегалница целосно доминираше на мечот, посебно по исклучувањето на Сандеј Адетунџи во 32. минута поради неспортски потег. Потоа Брегалница целосно доминираше со три 100% шанси, но не успеаја да погодат Силјановски, Ѓорѓиев и Додев кои можеа да донесат предност за „сините“ уште во првиот дел.
Но, потоа во второто полувреме два гола на засилувањето Ѓорѓи Ѓорѓиев. Најпрво погоди од слободен удар во 77. минута со помош и на домашната одбрана, а потоа во 85. минута и за 0-2, по одбиената топка по шутот на Дарко Додев.
Скопје триумфираше со 1-0 против Победа во дуелот на двете последнопласирани екипи на табелата, со голот на Кировски уште во првото полувреме.
А, во најдраматичниот меч на денот Силекс дојде до триумф од 3-2 против Тиквеш.
Силекс поведе со погодокот на Петровиќ во 38. минута од средбата.
Кавадарчани најпрво во 47. минута израмнија на 1-1 со голот на Н’гоба…, а потоа и во 67. минута најновото засилување на Тиквеш, Даниел Миловановиќ погоди за водство и од 1-2.
Сепак, кратовци повторно се вратија во игра за триумф со 3-2. Најпрво во 75. минута Љамалари израмни на 2-2, а во 84. минута Масевски ја донесе победата од 3-2.
Шкендија и Македонија ЃП одиграа без победник (1-1) во Тетово.
Најпрво во 53. минута Арби Воша со мајсторски лоб-погодок ги донесе гостите до предност од 0-1. Но, во 63. минута Дориев израмни за конечни 1-1.
ПМФЛ – 6. КОЛО (прво полувреме)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 2-0
Ѓорѓиев 77′, 85′
Струмица: АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ 0-3
Шабани 32′, Ибраими 73′, Мерџани 90′
Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1
Дориев 63′ – Воша 53′
Кратово: СИЛЕКС – ТИКВЕШ 3-2
Петровиќ 38′, Љамалари 75′, Масевски 84′ – Н’Гоба 47′, Миловановиќ 67′
Скопје: СКОПЈЕ – ПОБЕДА 1-0
Кировски 34′
Работнички слободен
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

