ФОТО НА ДЕНОТ: Како Струга нема друга!

Струга ТЛ, без сомнение, е најголемото изненадување на стартот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Стружани, како ретко која екипа во домашните шампионати по осамостојувањето, има старт со шест победи од исто толку натпревари во елитното друштво. Струга ТЛ славеше и денеска на гостувањето против Академија Пандев во Струмица и тоа убедливо со 0-3, со головите на Буњамин Шабани во првото, и Бесарт Ибраими и Зија Мерџани во второто полувреме. Сето тоа за на крајо заслужено славје во соблекувалната во Струмица.

Бесарт Ибраими е и најдобар стрелец во лигата со пет гола по шест одиграни натпревари.

Се вчитува...