Тренерот на Шкендија Артим Шаќири на дуелот со Македонија ЃП за последен пат го водеше тимот на еден натпревар, дознава ЕКИПА од извори блиски во клубот. Шаќири после натпреварот кој заврши без победник 1-1, имал состанок со играчите и раководството и одлучено е да се разделат со Шкендија.
Шаќири дојде во текот на минатата сезона, и требаше да биде спортски директор, но ја презеде улогата в.д. шеф на стручниот штаб, се додека тетовци не најдат решение. Но, откако тоа не се случи летоска, Шаќири остана да ги води „црвено-црните“ низ Европа. Шкендија имаше успешни настапи во Европа, и без пораз ја заврши меѓународната авантура со елиминација од АИК од Шведска.
Меѓутоа во првенството Шкендија доживеа пораз од Струга, а ова против Македонија ЃП беше второ „реми“ во првенството. Тимот веќе заостанува седум бодови од лидерот Струга, која е максимална и прва на табелата газејќи се пред себе.
Шакири по вторпат се врати на клупата на Шкендија, откако претходно ја водеше екипата и во 2012/2013 кога стигна до финалето на Купот.
ЕКИПА исто така дознава дека деновиве ќе има промени и во раководните структури на екипата од Тетово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

