Кошаркарската селекција на Турција вчера доживеа пораз од Грузија по две продолженија, но очигледно на овој дуел ќе му претстои и „трето полувреме“ затоа што истиот ќе се решава на зелена маса по инцидентот на истиот.
Турците испратија закана до организаторите за резултатот и го облжалија затоа што за време на тепачката која ја предизвикаа Коркмаз и Дуда Санадѕе снемало секунди од часовникот. Имено, во жалбата на Турција стои дека фалат 22 секунди. Дополнително во жалбата се наведува дека тепачката започнала на 4.48 минути до крајот, а мечот продолжил со 4.26 секунди во продолжението кога тензијата се смирила.
Исто така, од таборот на Турците соопштија дека тројца Грузијци за време натпреварот го нападнале и го удриле Коркмаз пред соблекувалните. Целиот момент се случил кога играчот бил исклучен поради тепачката.
Заменик-претседателот Омер Онан најави дека Турција нема да продолжи да игра на ЕП ако не се набават снимки од сигурносните камери за да се расветли инцидентот и да се пронајдат напаѓачите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА