Спектакуларен гол на Суарез во дербито против Пењарол (ВИДЕО)

Во дуелот од шестото коло на шампионатот на Уругвај, Луис Суарез постигна спектакуларен гол во победата на Национал против Пењарол.

Национал славеше со 3-1, а поранешниот играч на Ливерпул и Барселона го постигна вториот гол за својот нов тим.

Суарез по по изведениот аут одлично ја прими топката, се сврте кон голот и одлично шутираше од околу 20 метри. Напаѓачот дефинитивно почна ново победничко поглавје во кариерата.

Ова е негов трет гол од почетокот на првенството.

 

Се вчитува...