Реал Мадрид оствари четврта победа во Примера откако успеа да го совлада Бетис со 2-1, па и понатаму остана перфектен во Шпанија со максимални 12 бода за обезбедување на прво место на табелата.
„Кралевите“ мораа да се помачат за да дојдат до триумф на првиот меч на „Сантијаго Бернабеу“, односно истиот им го донесе Родриго во 65 минута.
Тренерот Карло Анчелоти имаше пофални зборови за младиот Бразилецот на кого воедно му испрати и една јасна порака дека ќе мора сезонава да игра позначајна улога, односно дека „стажирањето“ е завршено и сега е време да биде фудбалер со поголем придонес.
„Тој е посебен напаѓач за мене бидејќи може да игра на сите позиции. Брз, паметен без топка, ефикасен во ситуации еден на еден. Реал Мадрид има одлична иднина со ваков расен напаѓач“, порача Италијанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

