Менаџерот на Арсенал, Микел Артета очигледно разочаран од поразот во Манчестер (1-3) потенцираше дека неговиот тим треба многу да научи од овој дуел и да свртат нов лист во текот на претстојната сезона.
Шпанецот потенцираше дека тимот треба да работи на победничкиот карактер, но и на задржување квалитет во постојан континуитет.
„Мораме многу да научиме од овој пораз. Ни недостигаше дисциплина која е неопходна во одредени области на теренот, особено кога играте против играчи од светска класа … едноставно не можете да им оставите простор. Кога ќе погледнете како воопшто игравме, сфаќате дека резултатот не е соодветен“, изјави Артета.
Шпанскиот стручњак изјави дека имало и добри работи на натпреварот.
„Ја покажавме личноста на тимот, и така игравме – доминиравме на теренот, но тоа треба да го правиме во континуитет. Сепак, сето ова мора да биде придружено со позитивен резултат. Ако не, тоа е разочарување за нас“, изјави Артета.
Инаку, Арсенал во следното коло го пречекува Евертон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

