Рис Џејмс останува верен на Челси и во следните шест години (ФОТО)

Еден од најдобрите бекови на денешницата, Рис Џејмс денеска официјално ја продолжи верноста со Челси до 2028 година. Англичанецот кој потекнува од младинската школа на „сините“ е дел од првиот тим од 2018 година и со одличните настапи се наметна како незаменлив дел од тимот.

Досега одигра речиси 130 натпревари, а постигна 10 гола и забележа 20 асистенции значајно придонесувајќи за освојувањето на титулата во Лигата на Шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско натпреварување.

„Пресреќен сум за новиот договор и благодарен на фановите, раководството и сите вклучени во тимот. Со нетрепение чекам да видам што ќе ни донесе иднина, а знам дека тоа ќе биде шанса за осовјување на голем број трофеи. Пораснав со клубот и тука сум од мои шест години. Новиот договор го потпишувам знаејќи дека сакам да бидам дел од ова семејство“, изјави Џејмс.

За него со суперлативи говореше и легендата на Челси, Џон Тери кој велеше дека тој ја заслужува капитенската лента и тој е еднина на клубот.

Се вчитува...