После тренерот Стојчев, од Академија Пандев се раздели и Шаркоски

После тернерот Ѓорѓе Стојчев, од редовите на Академија Пандев си заминува и Николче Шаркоски, откако одлучи да го раскине договорот со клубот од Струмица.

28-годишниот фудбалер по година и половина реши дека е време за нова авантура и средина, па допрва ќе побара нов клуб. Шаркоски на 45 официјални натпревари постигна три гола и запиша седум асистенции.

На чело на Академија Пандев како нов кормилар се очекува веќе утре да биде поставен Александар Васоски.

Се вчитува...