Сеад Хаџифејзовиќ е нов центар на Пелистер

Босанскиот центар Сеад Хаџифејзовиќ е ново име во тимот на Пелистер. Станува збор за 33-годишник кој минатата сезона ја мина во Србија, настапувајќи за екипата на Колубара.

Новиот „џин“ на битолчани се обврза на едногодишна соработка со Пелистер.

Хаџифејзовиќ, освен во Колубара, настапуваше и за екипите на Босна Ројал, Черкаси Манкис, Нови Пазар, ЧСМ Галати, Сенкур, Слобода Тузла, Какањ и Вогошча Сараево.

Се вчитува...