Крос со комплименти до својот екс-колега: Не сум видел спортска дисциплина како таа на Роналдо

Многумина кои имаа шанса да ја делат соблекувалната со Кристијано Роналдо го коментираа Португалецот, но никој како Тони Крос.

Крос зборуваше за неверојатната работна етика на Роналдо, која е основа на сите успеси на Португалецот во богатата кариера.

„Роналдо вложи многу труд и напор за да дојде таму каде што е. Можете да го видите како за викенд игра фудбал, како си оди дома со Ферари…Но, она што не гледате е тоа што тој човек го прави секој ден за да биде се подобар. Погледнете го, има 37 години. Не само како изгледа, погледнете како игра, во каква форма е, колку вложува секој ден во теретана, во лични тренинзи, во исхрана. Не дошол таму каде што само затоа што се вика Роналдо, бидејќи затоа што вложува неверојатен напор“, изјави Крос.

Се вчитува...