Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Антони имаше одлично деби и постигна гол во победата над Арсенал.
Крилниот напаѓач пристигна на „Олд Трафорд“ во трансфер тежок 100 милиони евра, па очекувањата од него се големи, а тој од самиот старт покажа дека ќе биде големо засилување.
По натпреварот Бразилецот се огласи на социјалните мрежи за да ја сподели својата радост со навивачите.
„Каков неверојатен ден! Огромна благодарност до целиот персонал во Манчестер Јунајтед и моите соиграчи. Никогаш нема да го заборавам овој ден! Благодарам и на навивачите за топлото добредојде! Ова е само почеток! “ напиша Ентони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

