Ќатип Османи повторно се враќа на клупата на Шкендија!

Ќатип Османи повторно ќе биде именуван за шеф на стручниот штаб на Шкендија.

По разделбата на тимот со Артим Шаќири, се очекува наскоро Османи и официјално да биде промовиран како старо-нов тренер на клубот.

Османи досега во својата тренерска кариера веќе има три шампионски титули со Шкендија, од 2011, 2018 и 2019 година, а има и еден трофеј во Купот на Македонија со тетовци.

Претходно, Османи ги предводеше црвено-црните од Тетово во периодот од 2010 до 2012 година и од 2017 до 2020 година.

Се вчитува...